Македонецот од Австралија Александар Волкановски со одлука на судиите (47:48, 48:47, 48:47) го победи Макс Холовеј и ја одбрани титулата во перо-лесна категорија (до 66 килограми).
Победата на Волкановски медиумите и навивачите ја нарекуваат контроверзна. Во првите две рунди Холовеј два пати на подот го испраќаше противникот, покрај тоа добиваше и „хај-кик“ од еден таков Волкановски падна.
Третата рунда беше израмнета, а во четвртата ја доби Волкановски.
„Немавме добро судење вечерва“, рекол првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт коментирајќи ја оваа борба.
Инаку Волкановски во декември токму против Холовеј ја освои титулата во перо-лесна категорија, утрово успеа да ја одбрани против истиот противник, а медиумите најавуваат дека ќе има и трето соочување омеѓу овие двајца борци.