Поранешниот УФЦ шампион во лесна категорија, Ентони „Шоутајм“ Петис ни го подари најспектакуларниот нокаут во 2019 досега, откако со „супермен-удар“ го згроби Стивен „Вондербој“ Томпсон во Нешвил.
Петис по титулата во лесна категорија отиде ниво погоре во велтер категорија за да се бори за титулата и во борба на двајца УФЦ фајтери со многу силен удар, покажа зошто е фаворит за нов трофеј.
Иако во поголемиот дел од првите две рунди, Томпсон ја имаше иницијативата, Петис го имаше најспектакуларниот момент кога беше на оградата првпат во мечот и скокна да го погоди директно противникот во брадата и да го прати на подот.
Anthony Pettis just went Superman on “Wonderboy.” Hot damn! ? #UFCNashville pic.twitter.com/oV2rD60tRU
— Bulgogi Jones (@Hamderlei) March 24, 2019
Ова не е првпат Петис да покажува спектакуларни способности. Во 2010 година во меч за титулата во ВЕЦ против Бенсон Хендерсон имаше скок од оградата за со нога да го погоди противникот во главата.
We don’t care how many times you’ve seen it!
The @ShowtimePettis Kick is still incredible! ? pic.twitter.com/Ifhcnv9cvi
— UFC Europe (@UFCEurope) March 21, 2019