Српскиот УФЦ фајтер, Александар Ракиќ го совлада Тијаго Сантош на УФЦ 259 на поени во тесна борба во која двајцата во кафезот имаа свои шанси за победа. Двајца судии го решија мечот во корист на Ракиќ со 2:1, додека еден од судиите му даде 3:0 победа.
29-годишниот Ракиќ беше четвртопласиран во средно-тешката категорија пред мечот, додека Сантош беше втор на ранг листата, каде што шампион е Полјакот Јан Блахович.
Победата Ракиќ ја посвети на својот починат пријател.
„Оваа победа е за Даниел, мојот пријател кој почина во декември. Го ветив тоа на неговото семејство. Знам дека ме гледа од небо. Бог да те благослови, почивај во мир“, изјави Ракиќ.