Бразилскиот УФЦ фајтер во велтер категорија, Мичел „Демолидор“ Переира имаше одлично деби во УФЦ федерацијата нокаутирајќи го британскиот ветеран Дени Робертс на спектакуларен начин на УФЦ Рочестер.
25-годишниот Бразилец пристигна во УФЦ со репутација на див и непредвидлив фајтер кој честопати прави акробации во рингот, и не ги разочара фановите, со низа на неочекувани потези, кои завршија со спектакуларен нокаут во првата рунда – прво со „летечко“ колено во брадата, а потоа веднаш со удар со десницата пред судијата да го прекине мечот.
На крајот, Переира им вети на фановите дека ова е само почеток.
„Имав многу подобри мечеви од овој. Малку се борев и не покажав ниту половина од моите способности. УФЦ фановите нека внимаваат“, изјави Переира.
Welcome to the UFC, Michel Pereira! ? #UFCRochester pic.twitter.com/t3bHW5xkLF
— UFC Europe (@UFCEurope) May 18, 2019
Michel “Demolidor” Pereira pic.twitter.com/35aBDhAIGH
— Streetfight Bancho (@streetfitebanch) May 18, 2019
Еве дел од способностите на „Демолидор“, кој сигурно ќе стане едно од најпознатите имиња во УФЦ октагонот.