Top Sport

УФЦ: Во февруари мега-пресметка Миочиќ-Нгану (видео)

Стипе Миочиќ ќе ја брани УФЦ титулата во тешка категорија против првиот предизвикувач, Френсис Нгану на 20 јануари на УФЦ 220 во Бостон, во меч кој ветува дека ќе биде најголемиот во 2018 година.

УФЦ ги надмина проблемите со договорот со Американецот со хрватско потекло, Миочиќ, и очигледно се потпишани сите договори.

Миочиќ во моментов има 17-2 скор во професионалната кариера, а има и пет победи во низа. Ако го одбрани трофејот, тој ќе стане првиот ММА борач кој трипати ја одбранил титулата во тешка категорија. Во последните два меча, тој ги совлада Алистер Оверим и Жуниор дос Сантош, а претходно го совлада Фабрисио Вердум за трофејот.

Нгану со победата на УФЦ 218 стана прв предизвикувач – тој има 6-0 скор во УФЦ, и тоа сите решени пред крајот на мечот.

Scroll to Top