Top Sport

УФЦ: Во средата го викнаа во УФЦ, тој врати со нокаут за 41 секунда (видео)

Дебитантот во УФЦ, Џастин Џејнс имаше супер-импресивен прв меч во октагонот, нокаутирајќи го Френк Камачо за само 41 секунда на УФЦ Фајт најт во Лас Вегас.

Џејнс признава дека пред неколку дена бил разочаран од својата досегашна кариера, чекајќи повик за голем меч, пред да добие голема шанса. Џејнс започна фуриозно со низа удари, за да го има вториот најбрз триумф како дебитант.

„Пред 48 часа седев во својата соба во депресија. Сега, не можам да се разбудам од сонот. План? Немав план – само сакав да го удрам посилно“, вели Џејнс.

Scroll to Top