Top Sport

Укината доживотната суспензија за 28 руски спортисти

Судот во Лозана за спортска арбитража (ЦАС) ослободи 28 руски спортисти од обвинувањата за допинг, односно ги укина доживотните суспензии кои претходно ги изрече Меѓународниот олимписки комитет (МОК).

Во образложението на пресудата ЦАС наведе дека приложените докази за кршењето на антидопинг правилата на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година биле недоволни.

Овои спортисти ќе можат да учествуваат на престојните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг кои ќе започнат на 9 февруари.

Пресудата на ЦАС значи и дека седум медали кои ослободените спортисти ги освоија во Сочи ќе бидат вратени во Русија.

Судот во Лозана по итна постапка одлучуваше по жалбите на 39 спортисти. Судот ослободи 28 спортисти, а на 11 доживотната казна им ја преиначи во забрана за настап на Игрите во Пјонгчанг.

МОК претходно повика 169 спортисти од Русија да се натпреваруваат како неутрални спортисти на ЗОИ во Јужна Кореја.

Scroll to Top