Украинското министерство за спорт им порачало на спортистите пред Олимпијадата во Пекинг да избегнуваат фотографирање со руски ривали, и да избегнуваат да даваат интервјуа на руски јазик.
Според руската „Меч ТВ“, на украинските спортисти им се советува да одбиваат да се фотографираат со руски спортисти поради зголемените тензии меѓу двете земји, и по „скандалот“ кој се случи на Олимпијадата во Токио, кога скокачката во височина Јарослава Махучих се фотографираше со шампионката, Русинката Марија Ласицкене.
Нема гушкање со Руси! Украинската скокачка повикана на рапорт!
Олимписки дух – Украинецот ги послуша советите и се држеше подалеку од Русите