Тенисерката Елина Свитолина од Украина напредуваше цели три места на најновата ВТА ранг листа објавена денеска. Сега Свитолина се наоѓа на четвртата позиција меѓу тенисерките. Скокот на Украинката се должи на освоениот завршен турнир во Сингапур. Пред неа на листата се наоѓаат Халеп, Кербер и Вознијацки.
Пласман ТОП 10 тенисерки – ВТА ранг листа:
Симона Халеп (Романија) – 6.921 поени
Анџелик Кербер (Германија) – 5.875
Каролина Вознијацки (Данска) – 5.586
Елина Свитолина (Украина) – 5.350
Наоми Осака (Јапонија) – 5.115
Слоун Стивенс (САД) – 5.023
Петра Квитова (Чешка) – 4.630
Каролина Плишкова (Чешка) – 4.465
Кики Бертенс (Холандија) – 4.435
Дарија Касаткина (Русија) – 3.315.