Украинската тенисерка Лесија Цуренко ја отвори душата и откри дека на социјалните мрежи и стигнуваат пораки со ужасна содржина.
„Тие пораки на омраза не ми доаѓаат само од руското говорно подрачје, туку и од дриги страни. Најчесто се тоа желби да ме снема од лицето на земјата мене и моите блиски. `Умри` е најчестата навреда, а желбата им е да заболам од рак“ – рече тенисерката која минатата година беше на 23-тата позиција на ВТА листата.
Се обидува да разбере зошто толку омраза кон неа.
„Мислам дека луѓето едноставно не разбираат што пишуваат. Просто ми се чини дека не разбираат што прават. Тоа е некој вид на чист бес, кој ги држи 10 минути. Потоа изгледа малку ќе се оладат, а понекогаш дури и ги бришат таквите пораки“ вели Цуренко.
Украинката во кариерата има освоено 4 тениски титули, а на грен слемовите најдалеку отиде на САД опен пред 2 години, стигна до четвртфиналето.