Top Sport

Унгарецот Милак го сруши рекордот на Фелпс на 200 метри делфин (видео)

Конечно е срушен светскиот рекорд на 200 метри делфин кај мажите. По 10 години, кога во Рио во 2009 година Американецот Мајкл Фелпс делницата ја преплива за 1:51.51, сега во Гвангжу нов светски рекордер стана Унгарецот Криштоф Милак. 19-годишниот пливач трката ја исплива со време 1:50.73.

Милак стана првиот тинејџер кој стана светски првак уште од времето на Фелпс кој истото достигнување го стори на 18-годишна возраст.

Второто место на трката му припадна на Јапонецот Даија Сато, а бронзата оди на градите на Чаду Ле Клои од Јужна Африка.
https://youtube.com/watch?v=YdHDwrcvf_8

Scroll to Top