Top Sport

Уредот што го носи Ѓоковиќ на градите чини до 2.600 долари и содржи нанокристали

„Кога бев дете многу ми се допаѓаше Ајронмен, па сега се обидувам да го имитирам. Знаете, мојот тим користи неверојатно ефикасна нанотехнологија за да ми помогне да бидам што е можно подобар на теренот. Тоа е најголемата тајна во мојата кариера. Да не беше тоа, немаше да бидам овде со вас“, се пошегува Новак Ѓоковиќ со новинарите по победата над Мартон Фучовиќ (7/6, 6/0, 6/3), во второто коло на Ролан Гарос.

Причина за оваа шега е уредот (многумина го нарекоа магнет), што го носеше Ѓоковиќ залепен за градите.

За што станува збор?

Уредот е наречен „Таопач (Taopatch)“. Како што е објаснето на официјалната веб-страница на овој производ, станува збор за „сертификуван медицински уред“ што го користат многу спортисти, а кој ги комбинира „најновата технологија, светлосната терапија и акупунктурата“.

„Содржи нанокристали кои ја претвораат телесната топлина во светлина (навистина свети во мракот). Произведената светлина се испраќа до одредени акупунктурни точки во телото, што му помага во процесот природно да комуницира со остатокот од телото . Со оглед на тоа дека Ѓоковиќ секогаш е заинтересиран за подобрување на својата игра, реши да го проба и „Таопач“.

Наводно, споменатиот апарат им помага на спортистите да ја задржат концентрацијата, да го ублажат стресот, вознемиреноста и болката, односно да ја направат нивната игра уште подобра од она што е. Има повеќе производи и цените се движат од 280 до 2.600 долари.

На официјалната веб-страница на „Таопач“ е наведено дека во изминатите седум години повеќе од 1.800 медицински работници имале можност да го тестираат производот, како и десет спортски тимови и стотици илјади пациенти.

Објавени се голем број студии на оваа тема, меѓу другите од Универзитетите во Торино, Милано, Палермо, Рим… Очигледно, тоа беше доволно Ѓоковиќ сам да одлучи да го проба овој нов производ на Ролан Гарос.

За потсетување, Новак Ѓоковиќ веќе во петок во следното коло на Ролан Гарос ќе игра против Алехандро Давидовиќ Фокина.

Scroll to Top