Јоханес Тингнес Бо доминираше на трката на 10 километри спринт од Светскиот куп во биатлон во францускиот ски-центар Анеси-Ле Гран Борнан.
Норвежанецот победи и при претходната посета на Француските Алпи пред четири години, така што овојпат стигна до победа со 21.1 секунди предност пред Французинот Мартин Фуркад, додека неговиот сонародник, Антонин Гижона беше трет.
По двојната победа во Хохфилцен, Австрија минатиот викенд, Бо има 17 победи од Светскиот куп во биатлон. Шесткратниот шампион од Светскиот куп, Фуркад повторно е поразен од Бо, и признава дека ситуацијата станува фрустрирачка.
„Секако, не сум задоволен. Ќе ја искористам паузата за Божиќ да ја почнам новата година со нова енергија. Со нула грешки на стрелиштето во моментов Бо е непобедлив“, признава Фуркад.
1) @7ohannesbo
2) @martinfkde
3) @antoguigo
are your Top 3 of the day.⁰Rewatch the entire #ALGB17 Sprint Men here: https://t.co/RUGSUZMEqE pic.twitter.com/9Di2C8DTlz— IBU World Cup (@IBU_WC) December 15, 2017