Боксерските фанови беа импресионирани од фотографиите кои ги сподели шампионот во тешка категорија, Олександер Усик како дел од подготовките за римечот со Британецот Ентони Џошуа во август.
35-годишниот Украинец ги освои појасите во тешка категорија откако доминираше против разочарувачкиот Џошуа на стадионот на Тотенхем минатиот септември, по што Џошуа веднаш ја активираше клаузулата за римеч. Двајцата требаше да се сретнат во рингот во мај, но војната во Украина го одложи мечот, откако Усик мораше да се врати во Киев за да добие дозвола од властите да иззлезе од земјата за да се подготви за мечот, кој сега е закажан во август во Саудиска Арабија.
„Работејќи напорно“, напиша Усик со две фотографии од неговиот спаринг со тренерот, и неговите фанови беа импресионирани од очигледно зголемената мускулна маса на Украинецот.