Top Sport

Устјугов и Ван дер Граф со победи на стартот на Тур де Ски (видео)

Актуелниот шампион, Русинот Сергеј Устјугов стигна до својата прва победа од Светскиот куп во нордиско скијање оваа сезона, со спринтерската победа на стартот на новогодишната Тур де Ски во Ленцерхајде, Швајцарија.

Тур де Ски е вистински маратон во нордиско скијање – седум трки во девет дена во три нации, но и можеби најпрестижното натпреварување во крос-кантри скијањето.

Русинот имаше време од 2:57.28 за победа пред  Италијанецот Федерико Пелегрино со точно една секунда, додека Французинот Лукас Шанава стигна до првиот подиум во кариерата со 2.76 секунди послабо време.

Ова е 13-та победа во кариерата за Устјугов со што тој е руски рекордер пред Александер Легков, кој останува на 12.

Кај дамите, Швајцарката Лориен ван дер Граф стигна до својата деби победа во 114. трка од Светскиот куп, победувајќи ја за 5.6 секунди Американката Софи Колдвел и Норвежанката Маикен Касперсен Фала.

Следна трка на Тур де Ски е 10 километарската трка на 31 декември, повторно во Ленцерхајде.

Scroll to Top