Top Sport

Утре по 15 пат ќе се трка „Визер скопскиот маратон 2019“

Утре по јубилеен 15 пат ќе се одржи најмасовната спортска манифестација кај нас „Визер скопски маратон 2019“. Главната трка, како и полумаратонската и штафетната трка, 4х5 км, ќе почнат во 8.30 часот.

Маратонот оваа година ќе ги урне сите досегашни рекорди. Пријавени се над 12.000 натпреварувачи од 58 земји од светот.

Победниците во машка и во женска конкуренција ќе добијат по 2.000 евра, доколку нивните времиња бидат под два часа и 19 минути (мажи) и два часа и 47 минути (жени). Доколку победникот во машка конкуренција победи со резултат над два часа и 19 минути тогаш ќе заработи 1.200 евра, истата сума ќе ја добие и победничката во женска конкуренција доколку резултатот и биде над два часа и 47 минути.

Рекордот на патеката во машка конкуренција изнесува 2:12.36 часа, а во женска конкуренција 2:37:45 часа.

Scroll to Top