Британскиот боксер Стивен Смит за малку ќе го загубеше левото уво при поразот од Франциско Варгас во меч во супер-перо категорија во Лас Вегас, кој го загуби по 9 рунди.
Судиите решија да дозволат лекарската екипа да интервенира, откако левото уво му беше речиси одвоено на Британецот, кој ја загуби ВБО титулата во мечот. Смит, како и секо вистински воин, реши дека ќе се врати во рингот.
„Сакам титула, бидејќи ваков пораз е тешко да се претрпи“, изјави Смит.
32-годишниот Мексиканец Варгас се врати на победите, откако во јануари загуби од Мигуел Берчелт.
Сцената со увото кое му „виси“ на боксерот, ги врати спомените од легендарниот меч од 1997 година, кога Мајк Тајсон му одгриза дел од увото на Ивандер Холифилд.