Данскиот тенисер Холгер Руне доживеа тешка повреда во полуфиналето на турнирот во Стокхолм.
Руне играше против Французинот Уго Амбер во полуфиналето во Стокхолм и го доби првиот сет со 6:4.
Се чинеше дека ќе оди во финалето, но на 2:2 во вториот дел од играта, доживеа катастрофа.
Повреда која не изгледаше добро на прв поглед, сè додека не ја изговори следната реченица.
„Почувствував како ми пукна Ахиловата тетива.“
Недолго потоа, младиот Данец во солзи го напушти теренот, Амбер се плаира во финалето. За трофејот во Стокхолм ќе игра против Каспер Руд.