Top Sport

ВАДА: Русија уште не го исполнува анти-допинг кодот

Надежите на Русија за настап на Зимската олимпијада во Пјеонгчанг во февруари стануваат сè помали, откако Светската анти-допинг агенција (ВАДА) објави дека Русија уште не го исполнува анти-допинг кодот.

Минатата година, извештајот на независната комисија на Ричард Мекларен објави дека во Русија имало државен програм за допинг, по што руските атлетичари добија меѓународна суспензија и не настапија на Олимпијадата во Рио, но и на Светското првенство во Лондон оваа година. ИОЦ уште нема одредено дали на Русија ќе и биде дозволен настап во Пјеонгчанг. Покрај Русија, и Кувајт, Екваторијална Гвинеја и Маурициус уште не го исполнуваат анти-допинг кодот.

Состанокот на ИОЦ ќе ја направи одлуката за Русија на следниот состанок на бордот, од 5 до 7 декември. Олимпијадата се одржува од 9 до 25 февруари во Јужна Кореја.

Рускиот министер за спорт, Павел Колобков, вели дека критериумите за враќање на Русија во ВАДА имаат „политички карактер“.

„Имам впечаток дека одлуката беше претходно направена. Ние веруваме дека Русија ги исполни сите обврски“, изјави Колобков.

Scroll to Top