Светкскиот првак во тешка категорија, во верзијата ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, верува дека би можел да го победи Мајк Тајсон кога „челичниот Мајк“ бил во најдобра форма.
„Јас против Тајсон од 1986 година? Би го победил тој тип“, рекол Вајлдер.
„Навистина би го направил тоа. Знам дека луѓето секогаш ја споредуваат страта и новата школа, но не постои таква школа во која јас не би бил најдобар во светот“.
Надолго по оваа изјава се огласил и Тајсон.
„Не знам дали би го претепал или не, но ми се допаѓа како размислува. На сличен начин размислувам и јас. Така треба да се размислува. Кога си светски првак во тешка категорија е нешто посебно“, рекол Тајсон.
Вајлдер на 23 февруари, во Лас Вегас, против Тајсон Фјури ќе ја брани титулата. Нивно соочување во 2018 година заврши без победник.