ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер потсети на легендарниот филм за бокс „Роки 4“, цитирајќи го страшниот руски боксер Иван Драго (инаку шведскиот актер Долф Лундгрен) пред одбраната на титулата против американскиот сонародник, Доминик Брезил.
Вајлдер ќе боксува со Брезил за одбрана на титулата по контроверзното реми со Тајсон Фјури во последниот меч и „лошата крв“ се покажа во интервјуто со „УСА тудеј“, каде што „Бронзениот бомбардер“ вели дека не му е грижа дали противникот ќе умре во рингот во „Барклис центарот“ во сабота навечер.
„Ако умре, умре. Ова е боксот. Ова не е џентлменски спорт, туку гладијаторски спорт. А , кога сме за лошата крв, знаете дека јас ја имам моќта. Во боксот можете да повредите човек до смрт и да бидете платени во иста вечер. Нема да се извинувам. Тој го бара ова цело време“, изјави Вајлдер.
Лошата крв се однесува на конфликтот помеѓу Брезил и братот на Вајлдер во еден хотел во Алабама во 2017 година. Тогаш, Брезил наводно изјавил дека ќе го убие братот на Вајлдер и целото семејство.
Инаку за потсетување, еве ја фразата „ако умре, умре“ во оригинална изведба на Иван Драго.