ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер се извини откако наводно му скрши вилица на една маскота при гостување на „Насион ЕСПН“ на шпански јазик.
Во тоа што требаше да биде комичен момент, боксерот со прекар „Бронзен бомбардер“ требаше да удри маскота, но 32-годишниот Американец реши да упати ужасно силен удар со десницата, праќајќи го човекот директно на грб. „ЕСПН“ прво тврдеше дека боксерот не знаел дека внатре има човек, но Вајлдер го демантираше тоа.
„Сите тие наслови дека не знаев дека има човек внатре се глупости. Како маскотата дојде, таму, да не се дотркала. Се извинувам на храбриот човек внатре ако бил повреден. Имам почит кон неговата вклученост и храброст. Би сакал да го покаман на мечот на 1 декември“, напиша Вајлдер на Инстаграм.
Американецот ќе боксува со поранешниот апсолутен шампион Тајсон Фјури во Лас Вегас.
View this post on Instagram