Top Sport

Вајлдер повторно со нокаутот на годината (видео)

Бруталниот нокаут на ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер над Бермејн Стиверн на 4 ноември е прогласен за најдобар нокаут во 2017 година од страна на угледната веб-страниа „Боксинг шампиони“.

Стиверн се согласи на дуел како замена за Кубанецот Луис Ортиз, кој имаше позитивен тест (за кој подоцна беше ослободен), и не се покажа најдобро во рингот, дозволувајќи му на „Бронзениот бомбардер“ Вајлдер да го „смачка“ по „брза постапка“.

Ова е втора година едноподруго во која нокаут на Вајлдер е прогласен за најдобар во сезоната. Во 2016 година настрада Полјакот Артур Шпилка во деветтата рунда (подолу може да го видите и тој спектакуларен нокаут).

Scroll to Top