Top Sport

Вајратер со канадската супер-џи круна (видео)

Тина Вајратер од Лихтенштајн триумфираше на супер-џи трката во Лејк Луис, Канада во неделата за своја осма победа во кариерата, скротувајќи ја „олимписката патека“.

Вајратер  има одлични трки во Лејк Луис, каде што оствари осум од 32 подиумо во кариерата, а во петокот беше втора на првиот спуст. Овојпат таа беше за 0.11 секунди подобра од Швајцарката Лара Гут, за која ова е прв подиум оваа сезона, и 0.27 пред Австријката Никол Шмидхофер, која е на подиумот првпат по три години.

Американките немаа најдобар ден. Микаела Шифрин по деби победата во спуст во саботата, беше петта со 0.84 секунди заостанување, а нејзината попозната сонародничка Линдзи Вон, повторно падна, иако овојпат не беше толку драматично како во петокот. На истото место грешка направи и повратничката во СК, Австријката Ана Фајт.

Scroll to Top