Top Sport

Вајт: Ќе видиме дали Мекгрегор има иднина во УФЦ (обновено)

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт вели дека не е сигурен дали Конор Мекгрегор има иднина во спортот, откако Ирецот беше обвинет за напад и криминално однесување во Њујорк.

Ирецот беше пуштен на слобода со кауција откако заедно со својата придружба го нападна автобусот кој ги пренесуваше УФЦ борачите во „Барклис центарот“ во Бруклин. На Мекгрегор ќе му биде дозволено да замине од САД, но ќе мора да се врати во Њујорк на 14 јуни за следното појавување на судот заедно со својот колега Киан Каули. Кауцијата од 50.000 долари ја плати уште еден негов колега, Дилон Дејнис.

Најголемата ѕвезда во ММА борбите се појави пред судијата со истата облека која ја носеше пред нападот, кој го фрли спортот во криза, а дел од фановите побараа Мекгрегор да биде суспендиран од спортот. Претседателот на УФЦ, Вајт, пред промоцијата на вечерните борби во Њујорк, не знае што ќе се случи.

„Ова е толку лудо, што мораме да го решиме. Следната недела ќе си одиме дома и ќе видиме како ќе се одвиваат работата. Ситуацијата е уникатна и во речиси 20 години работа не сме виделе ништо слично“, вели Вајт.

УФЦ потврди дека Мајкл Киеза и Реј Борг нема да учествуваат на вечерашното шоу поради повредите добиени во нападот, а трет борач, Артем Лобов, еден од блиските пријатели на Мекгрегор беше отстранет поради „неговата вмешаност“ во инцидентот.

Шпекулациите велат дека пресметката започнала поради несогласувањата на Лобов со ривалот на Мекгрегор, Хабиб Нурмагомедов, кој беше во автобусот.

Мекгрегор секогаш бил контроверзен поради својот темперамент и дуелите со ривалите, но од 2013 година стана најголемата ѕвезда во спортот и првиот со две титули, а лани беше дел од боксерското мега-шоу со Флојд Мејведер Јуниор.

Во меѓувреме, УФЦ објави ново видео за инцидентот, во кое се гледа атмосферата во минибусот.

Мекгрегор се предаде на полицијата, го очекуваат сериозни обвинувања

Scroll to Top