Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт призна дека неговата прва ѕвезда, Ирецот Конор Мекгрегор можеби нема да влезе во октагонот оваа година, бидејќи го чека само римечот со шампионот во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов.
Мекгрегор по долга пауза се врати во акција со импресивна победа над Доналд Серон на УФЦ 246 минатиот месец, по што веднаш побара римеч со Хабиб, кој засега ја отфрла можноста за ваков меч, и се подготвува за својата пресметка со Тони Фергусон.
„Не знам дали ќе има трет меч со Нејт Дијаз. Тој е фокусиран на Хабиб и сака меч со него. Никогаш не се знае со него, и затоа ќе почекаме и ќе видиме. Нека заврши прво мечот Хабиб-Тони“, изјави Вајт.