Top Sport

Вајт: Мекгрегор ќе добие втора шанса против Хабиб ако победи во следниот меч

Конор Мекгрегор може да добие шанса за реванш против својот најголем ривал, УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов ако успее да го победи Доналд „Каубој“ Серон при кам-бекот во јануари, вели шефот на УФЦ, Дејна Вајт.

„Ноториус“ по неколку најави дека се пензионира од ММА борбите, најави камбек во октагонот на УФЦ 246 во Лас Вегас на 18 јануари, во прв меч по поразот од Нурмагомедов во истиот град во октомври 2018 година. Русинот, пак, ќе се соочи со Тони Фергусон во долгоочекуваната борба на 18 април, најверојатно во Њујорк.

Ако и двајцата победат, УФЦ шефот вели дека нема да има пречки за дуел кој би донел многу внимание (и секако многу пари).

„Ако Конор го помине Каубојот, а Хабиб Тони, потоа ќе можеме да размислуваме за ри-меч меѓу двајцата многу бргу“, вели Вајт.

Засега, Хабиб нема реагирано на оваа најава на шефот Вајт, но ако се земат во предвид неговите претходно изјави, до ри-меч нема да дојде толку лесно. Дагестанецот неодамна изјави дека Мекгрегор ќе мора „да победи 10 пати“ пред да дојде на ред за него, иако призна дека финансиски мечот би бил успешен. Мекгрегор пак, при посетата на Русија, побара римеч во Москва.

Scroll to Top