Top Sport

Вајт: Нурмагомедов и Мекгрегор ќе се борат во 2019 година

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, верува дека во 2019 година ќе има реванш помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

Дагестанецот Нурмагомедов, минатата година, во борбата што беше наречена „борба на векот во ММА“ го нокаутира Ирецот, во УФЦ ја забележа својата 27. победа во низа и ја одбрани титулата во лесна категорија во УФЦ 229.

Спектаклот во Лас Вегас го расипаа инцидентите што се случија по завршувањето на мечот, откако Нурмагомедов се степа со публиката.

„Мислам дека многу луѓе сакаат да видат нова борба. Најпрвин да видиме како ќе се одвиваат работите пред Спортската комисија на Невада. Но реванш би можело да има оваа година. Тоа зависи од должината на суспензиите“, рекол Вајт.

Спореди инцидентите во Лас Вегас, Нурмагомедов и Мекгрегор се соочуваат со суспензии.

Scroll to Top