Top Sport

Ван Ујтванк ја одбрани круната од Будимпешта

Алисон ван Ујтванк имаше одличен кам-бек за да ја одбрани титулата од Унгарија опен во Будимпешта, враќајќи се од сет негатива за 1:6/7:5/6:2 победа над Маркета Вондроушова за точно два часа.

Белгијката претходно спаси пет меч-топки во полуфиналната победа над Екатерина Александрова, а овојпат се враќаше од сет негатива трет меч едноподруго за да ја одбрани титулата. Ова е трета титула во кариерата за Белгијката по минатогодишниот успех во Будимпешта и трофејот во Бил во 2017 година.

19-годишната Вондроушова, една од најталентираните млади тенисерки, може да жали што по првиот сет не ја искористи меч-шансата во вториот сет, правејќи низа двојни сервис грешки.

Scroll to Top