Top Sport

Вардар ги собра наградите на Сојузот на спортови

Ракометниот клуб Вардар ги собра речиси сите награди кои ги доделува Сојузот на спортиви на Скопје. Доминацијата на „црвено-црните“ е разбирлива бидејќи 2017 година беше најуспешна година во клупската историја, во која з апрв пат е освоене и европската титула.

Спортист на годината е Стојанче Стоилов, првиот Македонец која како капитен го кренал пехарот наменет за победникот во Лигата на шампионите.

Во оваа категорија зад ракометарот на вардар останаа Дејан Георгиевски (таеквондо) и Евгениј Поп Ацев (маратонско пливање.

Награди добија и Арпад Штербик и Раул Гонзалес за најдобар странски спортист, односно најдобар тренер.

Најдобри екипи се машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар.

Во конкуренција за најдобар млад спортист наградата ја доби Петар Заборски каратистот на макпетрол, а зад него се ракометарот на Металург Мартин Томовски и џудистот Хамза Јашари.

Сојузот на спортови на Скопје наградите на лауреатите ќе им ги врачи утре во 13 часот, во СЦ „Борис Трајковски“.

Scroll to Top