Клубот во американската фудбалска лига (НФЛ) Вашингтон Редскинс (црвенокожци) ќе го смени името, се тврди во повеќе извештаи.
„УСА Тудеј“, „Ес-Пи-Ен“, весникот „Вашингтон пост“ и „Спортс бизнис журнал“ објавија дека сопственик Дан Снајдер и организацијата ќе го објават овој потег на две недели пред почетокот на тренинг-кампот.
Не е јасно кога ќе се открие новото име за една од најстарите франшизи во лигата.
Тимот започна „темелно да го разгледува“ името на 3 јули откако неколку истакнати спонзори повикаа на промена.
Критичарите подолго време бараат промена на името, кое се смета за расна навреда за домородните Американци.
извор/mk.voanews.com