Швајцарскиот тенисер, Станислас Вавринка изјави дека неговиот сонародник, Роџер Федерер е најдобриот играч во историјата на спортот. Вавринка кој до сега освои 3 гренд-слем титули вели дека да се игра против членовите на големата тројка (Федерер, Надал, Ѓоковиќ) му било најтешко но и најпредизвикувачки во кариерата.
Сепак, тој може да се пофали дека против сите тројца има триумфирано.
„Најтешко ми беше да сум во генерацијата ос Федерер, Надал и Ѓоковиќ, тие се освојуваа. Беше тешко да се носам со нив, да се најде начин да ги победам, посебно кога сите мислеа дека јас тоа не го можам“ вели Вавринка.
Швајцарецот го освои Австралија Опен 2014, Ролан Гарос 2015 и УС-Опен 2016, па иако сите тројца ги почитува, вели дека неговиот сонародник е нешто посебно.
„Отсекогаш ми беше убаво што доаѓаме од иста земја. Се знаеме со години. Кога почнав да играм, бев млад, ме немаше на АТП листата. Многу ми помогна, имав проблем да тренирам со најдбриот играч на светот. Тогаш тој беше број 1, ми даваше совети, беше тоа убаво од него. Игравме заедно и на Олимписките игри и освоивме злато. Отсекогаш беше тешко да се игра против него. Не затоа што ми е пријател, туку затоа што најдобриот кој некогаш ја играл оваа игра“ – смета Вавринка.