Американската тениска асоцијација (УСТА) потврди дека двократната гренд слем шампионка, Викторија Азаренка, САД опен шампионката од 2004 Светлана Кузнецова, како и трикратниот гренд слем шампион, Стен Вавринка се меѓу добитниците на вајлд-карти за настап на овогодишниот турнир.
Покрај Азаренка и Кузнецова, вајлд-карти добиваат и американските тинејџерки Аманда Анисимова и Клер Лиу, како и американската шампионка до 18 години, Витни Осиугве и победничката на турнирот за вајлд-карти, Ејжа Мухамед. Французинката Хармони Тан и уште една Австралијка ќе добијат вајлд-карти како дел од „разменат“ на вајлд карти со Ролан Гарос и Австралија опен.
Вајлд карта добива и Швајцарецот Вавринка, кој се враќа по подолга пауза поради повреда. Вавринка во 2016 година ја освои титулата на Флешинг Медоуз.