Top Sport

Вавринка со лекција за Димитров во Њујорк

Трикратниот гренд слем шампион, Стен Вавринка повторно е во форма, и тоа го покажа на САД опен.

Швајцарецот, кој цела година се мачи со повредите, имаше фантастичен старт на последниот календарски гренд слем во 2018, откако со 6:3/6:2/7:5 го победи бугарскиот тениски ас, осмиот носител Григор Димитров во најинтересниот дуел од првото коло во Њујорк.

Во второто коло е и Милош Раонич, кој се врати со солидна 7:6(4)/6:4/1:6/6:3 победа над аргентинскиот квалификант Карлос Берлок. Раонич имаше 26 аса, но исто така направи и 45 неизнудени грешки за да обезбеди дуел со Французинот Жил Симон, кој со 6:2/6:2/6:3 го победи Јужноафриканецот Лојд Џорџ Херис.

Scroll to Top