Top Sport

Вавринка: За малку ќе се откажев од тенисот

Трикратниот гренд слем шампион, Стен Вавринка вели дека не е сигурен дали ќе може да се врати на егзибицискиот Мубадала шампионат во Абу Даби бидејќи уште има проблеми со коленото по операцијата во септември.

32-годишниот Швајцарец почна со тренинзи овој месец и требаше да игра со Пабло Карењо Буста на 28 декември, но сега во интервју со швајцарскиот весник „Ле матин“ признава дека можеби тоа е прерано за него.
„Уште не можам да играм меч. Целта е да бидам подготвен за Австралија опен, да пристигнам таму една недела пред стартот и да тренирам. Ќе видиме за Абу Даби. Ментално се фокусирам на коленото, но морам да бидам внимателен и да не правам одредени движења“, изјави Вавринка.

Тој дури призна дека тешкиот период на рехабилитација го натерал да размислува дали воопшто да се враќа на спортот.

„Кога ќе имаш четири месеци неактивност, не можеш да одиш и се прашуваш за сè. Сомнежот беше тука, немав самодоверба. Му благодарам на мојот фитнес-тренер Пјер Паганини, бидејќи без него сигурно ќе се откажев“, вели Швајцарецот.

Scroll to Top