Top Sport

ВБЦ нареди: Џошуа ќе мора да боксува со победникот од дуелот Фјури-Вајлдер

Претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Маурисио Сулаиман „нареди“ Ентони Џошуа да боксува со победникот од дуелот Тајсон Фјури-Дионтеј Вајлдер, откако британскиот шампион Џошуа претходно не успеа да се договори со ВБЦ шампионот Вајлдер.

Фјури веќе се договори за дуел со Вајлдер за ВБЦ титулата на 1 декември во Лос Анџелес, каде што Американецот влегува како голем фаворит бидејќи Фјури има само два меча по кам-бекот во рингот по две и пол години пауза.

Доколку Вајлдер (40-0) ја оствари победата, тогаш во 2019 е многу веројатен меч за обединување на титулите со ВБО, ВБА, ИБФ и ИБО шампионот Џошуа.

„Секако, тоа е мечот што светот сака да го види. ВБЦ реши да го поддржи тоа и да обезбеди задолжителен меч на победникот Фјури-Вајлдер против Џошуа. За договорите не сме ние одговорни, тоа е приватна работа, но ние можеме да наредиме да има ваков меч“, вели Сулаиман.

Scroll to Top