Top Sport

Вчера ја победи Вознијацки, денес Андреску славеше против Венус Вилијамс

Канадската тинејџерка, Бјанка Андреску, го живее својот сон. Откако вчера, на турнирот во Окленд ја победи Каролин Вознијацки, која е трета на ВТА листата, денес успеа да ја совлада и легендарната Венус Вилијамс.

Андреску, во два дена им ‘зеде мерка’ на две тениски ѕвезди, кои во минатото биле број 1 на ВТА листата. Тинејџерката од Канада стигна до полу-финалето каде ќе игра против Су Веј Хсеј од Тајван или Сара Сорибес од Шпанија.

Канаѓанката е 152. на ВТА листата, а во четврт-финалето по голема борба и два часа и 25 минути успеа да ја победи Венус Вилиајмс со 6:7, 6:1, 6:3.

Инаку, на турнирот во Окланд, веќе и позната првата полу-финална двојка. Германката Јулија Гергес ја совлада Ежени Бушар од Канада (3:6, 6:3, 7:6) и за пласман во финалето ќе игра против Викторија Кузмова. Тенисерката од Словачка во четврт-финалето ја победи Американката Аманда Асимова (6:3, 2:6, 6:4).

Scroll to Top