Австриецот Марсел Хиршер победи во велеслаломската трка, која во рамките на Светскиот куп се возеше во американскиот Бивер Крик.
Хиршер кој беше трет по првата трка, зад Американецот Тед Лигети и Германецот Штефан Луиц, кои целосно потфрлија во втората трка.
Очекувањата беа дека Хиршер ќе води голема борба со Лигети, кој водеше во меѓусебните дуели во Бивер Крик со 6:2, но на крајот Австриецот немаше конкуренција.
На крајот второто место го освои Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој задоцни за 0,88 секунди зад Хиршер, а трет беше Луиц со послабо време од 1,03 секунди од победникот.
Во генералниот пласман води Норвежамецот Јансурд со 249 бода, четири повеќе од сонародникот Свиндал, а трет е Швајцарецот Фојц.