Марта Басино победи на трката во велеслалом, во Куршевел. Италијанската ја забележа втората победа оваа сезона. На оваа трка настапи и Американката Микаела Шифрин, која поради повреда на грбот и смртниот случај во семејството, не скијаше од 2.февруари.
Басино во двете трки забележа резултат 2:19.03 минути. Италијанката за 46 стотинки беше побрза од Швеѓанката Сара Хектор. Тринаесет стотинки зад Хектор беше водечката во Светскиот куп, Петра Влхова.
Шифрин на крајот заврши на четвртата позиција, со време 2:20.73 минути.