Шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско (27. на АТП листата) во попладневната сесија на Ролан Гарос сензационално загуби со 1-3 од малку познатиот француски тенисер, Антоан Хоанг кој моментно е на 146. позиција на листата на најдобрите тенисери во светот.
Вердаско го загуби првиот сет со 4-6, па веднаш во вториот се врати во игра, израмнувајќи на 1-1 (6-3). Пресуден беше третиот сет кој Французинот го доби во тај-брејк, па со 7-5 го освои и четвртиот сет за пласман во следната фаза и дуел со сонародникот Монфилс.
Монфилс пак и во ова коло имаше пресметка со сонародник. Го совлада Манарино со 3-0 (6-3 6-4 6-4).
Вистински тениски маратон одиграа Хуан Мартин дел Потро и Јапонецот Нишиока. Аргентинецот по речиси 4 часа борба славеше со 3-2 (5-7 6-4 6-2 6-7 6-2)
На останатите натпревари од попладневната сесија во Париз, турнирот заврши за Хрватот Иво Карловиќ, поразен е од Томсон со 3-1.
Фоњини предмалку го совлада Делбонис со 3-1, а Качанов со истиот резултат беше подобар од Берер.
Одличен на земјена подлога во Париз е Хрватот Борна Чориќ кој со 3-0 беше подобар од Харис.