Top Sport

Вердум ги „откачи“ УФЦ, потпиша за ПФЛ

Поранешниот УФЦ шампион, Фабрисио Вердум е најголемото „засилување“ за американската промотерска куќа ПФЛ, која објави дека популарниот бразилски тешкаш ќе се натпреварува во нивната лига во 2021 за награда од милион долари.

Вердум во 2015 година го совлада Каин Веласкез за да ја освои УФЦ титулата во тешка категорија, а исто така беше човекот кој ја прекина 10-годишната победничка низа на Русинот Федор Емелианенко на „Страјкфорс“ во 2010 година.

Сметан за еден од најдобрите ММА фајтери во тешката категорија во историјата, „Ваи Кавало“ потврди дека ќе бара нов предизвик откако го победи Александер Густафсон во Абу Даби во јули.

„Денеска, Професионалната лига на фајтери (ПФЛ) може да се пофали со потписот на Фабрисио Вердум еден од најдобрите во историјата. Вердум е Том Брејди во ММА“, вели шефот на ПФЛ, Питер Мареј.

Русинот Али Исаев е актуелен шампион во тешка категорија во ПФЛ, а други ривали за титулата се и Денис Голцов, Џастин Вилис и братот на Мохамед Усман, братот на УФЦ шампионот во велтер категорија, Мохамед Усман.

Scroll to Top