Маринецот Роб Џонс ги загуби двете нозе од нагазна мина додека беше на служба со американската војска во Авганистан во 2010 година, но тоа не го спречува да го исполни својот сон.
Џонс го комплетираше својот предизвик – трча на 31 маратон во 31 град за 31 ден. Маратонската мисија започна во Лондон на 12 октомври.
„Одлично е! Беше навистина кул да се трча. Сите беа прекрасни со мене. Сакам да ја пратам мојата порака – застани на нозе, и врати ја својата сила. Првиот план беше да истрчам 50 маратони во 50 американски држави. Но, жена ми ме убеди дека тоа е премногу и затоа одам на само 31 маратони“, вели Џонс.
Тој собира пари за фондацијата „Поздравете ги американските херои“.
Ова не е најголемиот негов спортски успех – тој освои бронзен медал на Параолимпијадата во 2012 година и е единствениот човек со ампутирани нозе кој поминал 5.180 милји на велосипед.
U.S. Marine Rob Jones lost both his legs in Afghanistan in 2010. Now he’s a Paralympian running 31 marathons in 31 days ? pic.twitter.com/ExMhT5qVhm
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 10, 2017