Top Sport

Ветеранот Јагр мораше да им откаже на Чесите

Чешката хокеарска легенда, Јаромир Јагр, кој планира да се врати во домашниот ХЦ Кладно по неуспешната епизода во Калгари флејмс во НХЛ лигата, вели дека нема да може да настапи на Олимпијадата во Пјеонгчанг поради недоволна подготвеност.

45-годишното крило беше лидер на чешкиот тим кој освои злато на Олимпијадата во Нагано, Јапонија во 1998 година, кога првпат им беше дозволено на НХЛ играчите да играат на Игрите. За Пјеонгчанг, НХЛ не се договори за испраќање на своите хокеари на Игрите, и Јагр вели дека планирал да биде дел од чешкиот тим, но дека не успеал да се врати во форма.

„Се надевав дека ако останам во Чешка или во Европа, ќе се навикнам на поголемата површина на мразот и ќе бидам во доволно добра форма да помогнам. Но, сега, не сум подготвен и не сум доволно добар за националниот дрес“, вели Јагр.

Тој се враќа на хокејот овој викенд. Јагр има постигнато 1.921 поени за девет тима во НХЛ, со што е на втората листа само зад великанот Вејн Грецки (2.857).

Scroll to Top