Top Sport

(Видео) Егизибицијата на Мејведер против внукот на мафијашкиот бос се претвори во масовна тепачка

Флојд Мејведер, пензионираниот боксерски шампион во пет различни категории и Џон Готи Трети, внук на мафијашки шеф кој се обидува да се пробие во светот на боречките вештини, направија боксерска егзибиција која се претвори во хаос. Мечот во Мајами, беше прекинат, откако се случи општа тепачка во шестата рунда.

Џон Готи Трети привлекува големо внимание будејќи е внук на познатиот мафијашки бос Џон Готи кој своевремено го водеше познатото семејство Гамбино и е еден од најголемите кумови на сите времиња.

Мејвејдер, по завршувањето на импресивната кариера во која не доживеа пораз (50-0), заработува нестварни суми од егзибициони дуели.

Фаворизираниот Мејведер без поголеми проблеми го контролираше текот на борбата, му зададе неколку сериозни удари на својот противник.

Сè ескалира во моментот кога судијата Кени Бејлес ги предупреди борците да зборуваат помалку и да се борат повеќе, а потоа го прекина мечот поради премногу ѓубре и премалку акција.

Готи тогаш полуде и му се нафрли на Мејведер, а потоа во рингот влегоа луѓето од тимовите на боксерите. Масивната тепачка од рингот се прелеа во публиката.

Scroll to Top