Top Sport

(Видео) Ѓоковиќ играше тенис во инвалидска количка и направи шоу: ги натера Сабаленка и Циципас да го туркаат, публиката се смееше

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одлично се забавува пред почетокот на Австралија опен каде во првото коло ќе игра против некој квалификант.

Ѓоковиќ беше во центарот на вниманието а заедно со него беа и Марија Сакари, Арина Сабаленка и Стефанос Циципас.

Како и по обичај, Новак во Австралија, играше и тенис во инвалидска количка против Хит Дејвидсон, кој професионално се занимава со овој спорт, па дури и има златен медал од Параолимписките игри.

Српскиот тенисер ги замоли Сабаленка и Циципас да го турнат во инвалидска количка за да стигне до топката и да ја удри навреме, а на теренот следеше шоу.

На теренот имаше дури и момче, навивач на Новак, кој овие моменти ќе ги памети цел живот.

Scroll to Top