Новак Ѓоковиќ осмипат во кариерата го доби пехарот наменет за играчот што годината ја завршува на првото место на АТП-листата.
Српскиот тенисер прослави со познатата песна „Гвантанамера“, а со него танцуваше целиот тим.
Пред да му биде доделена наградата, тој танцуваше во соблекувалната со тимот, а потоа тоа го направи низ целиот тунел пред да излезе по трофејот.
What a beautiful trophy with its owner 🫶 pic.twitter.com/9ZHer4WgC0
— Julie (@NDjokofan) November 13, 2023
Нему му беше потребна само една победа за да го обезбеди овој трофеј и релативно лесно стигна до него.
Новак се јави во живо на „Инстаграм“, а потоа, непосредно пред да излезе на теренот, ги поздрави фановите.
Текстот (Видео) Ѓоковиќ направи забава во соблекувалната: пред да го земе трофејот славеше со тимот со позната песна е превземен од МАКФАКС.