Новак Ѓоковиќ за 90 минути избори пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Рим. Србинот во осминафиналето го победи Камерон Нори со 6:3, 6:4.
Камерон Нори се обиде, но не успеа да го изнервира Ѓоковиќ. Рутинската победа на Ѓоковиќ, кој направи еден брејк во првиот и два во вториот сет, мина во сенка на неспортскиот потег на Нори во четвртиот гем од вториот сет.
Британецот непотребно, кога противникот му беше свртен со грб, смечот го испрати директно во ногата на Ѓоковиќ. Публиката со свирежи г испрати овој потег, а Ѓоковиќ со поглед го „застрела“ Британецот.
Нори уште еднаш доби свирежи пред почетокот на десеттиот гем, кога Ѓоковиќ требаше да сервира за победа. И покрај тоа што не делуваше дека има некаков проблем, тој побара медицински тајм-аут.
За место во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра против Попирин или Руне.
What happened there? 😳#IBI23 pic.twitter.com/anA3ZvqVjj
— Tennis TV (@TennisTV) May 16, 2023