Top Sport

Видео од трагичната несреќа во Задар

Вчера во сообраќајна несреќа во Задар настрадааа двајца млади хрватски спортисти. Автомобилот во кој биле поради не прилагодената брзина излетал од патот и потонал во морето кај местото Турањ.

Автомобилот го управувал 19 годишниот Јосип Бепо Кадија талентиран ракометар на Загреб, а покрај него загинал 16 годишниот фудбалер Јосип Бркљачиќ. Од морето успеал да исплива 22 годишниот Крешимир Шкара кој е хоспитализиран. Во болница се наоѓа и 16 годишниот Јосип Б. чија состојба е критична.

„Тој сам исплива од морето. Му помогнавме да излезе. Слушнав само дека кажа: ‘Уште тројца се внатре’. Никој од нас кои бевме тука не скокна во морето, бидејќи се беше црно, ништи гледаше, а тука морето е длабоко. Автомобилот брзо потона, за 30 секунди. Голема трагедија, не можев да заспијам до пет сабајлево“, раскажал за порталот „24 сата“ еден од очевидците.

Ден по трагичната несреќа се појави и снимка од трагедијата во која настрадаа двајца млади спортисти.

Scroll to Top