Во текот на првиот сет од мечот на Мастерсот во Индијан Велс, Наоми Осака, одигра многу лошо против Вероника Кудерметова.
Потоа од трибините се слушна извик „Наоми, немаш поим“ и тоа беше доволно да ја растажи јапонската тенисерка. Меѓу третиот и четвртиот гем, таа побара од судијата микрофон за да и се обрати на публиката, ветувајќи дека нема да пцуе.
Дојде и супервизорката на турнирот, а Осака заплака за време на разговорот со неа.