Top Sport

ВИДЕО: Расплаканата Осака бараше микрофон од судијата за да се објаснува со публиката

Во текот на првиот сет од мечот на Мастерсот во Индијан Велс, Наоми Осака, одигра многу лошо против Вероника Кудерметова.

Потоа од трибините се слушна извик „Наоми, немаш поим“ и тоа беше доволно да ја растажи јапонската тенисерка. Меѓу третиот и четвртиот гем, таа побара од судијата микрофон за да и се обрати на публиката, ветувајќи дека нема да пцуе.

Дојде и супервизорката на турнирот, а Осака заплака за време на разговорот со неа.

Scroll to Top